Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-315/14

  • Version
  • Преземи 3
  • Големина на фајлот 316.93 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање ноември 5, 2014
  • Последна промена август 6, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-315/14

„Неоснован е жалбениот навод на тужениот дека истиот нема законска обврска за примена на одредбата од чл. 95 од ЗРО бидејќи нема колективно отпуштање. Ова од причина што од изведените докази во текот на постапката произлегува дека тужениот не ја спровел во целост постапката за престанок на работниот однос од деловни причини. Имено, тужениот неспорно ги донел одлуките, програмата, спровел постапка врз основа на утврдени критериуми и ги утврдил лицата на кои требало да им престане работниот однос од деловни причини, но при донесувањето на одлуката за отказ на договорот за вработување на тужителот од деловни причини, не бил донесен Правилник за измена на актот за организација и систематизација на работни места кај тужениот бидејќи без оглед на бројот на работници на кои ќе им престане работниот однос од деловни причини, работодавачот е должен да донесе одлука за измена на правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места кај тужениот со укинување на работни места или со намалување на бројот на извршители, односно да донесе нов акт за систематизација на работни места во писмена форма и истиот треба да биде достапен до работниците и да постапи согласно со одредбата од чл. 95 од ЗРО, а дотолку повеќе што видно од завршната сметка за 2012 година се утврдува дека истиот не само што работел позитивно, туку остварил и добивка за деловната година, а немал никаква загуба. Со непостапување на овој начин постапката за отказ и донесената одлука е незаконита и спротивна на Законот за работните односи. Имајќи го предвид погоре наведеното, и по оценка на овој суд донесената одлука за откажување на договорот за вработување на тужителот не е во согласност со одредбите од ЗРО, поради што правилно првостепениот суд постапил кога истата ја поништил како незаконита задолжувајќи го притоа тужениот да го врати тужителот на работа на работно место кое одговара на неговата стручна подготовка.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-636/14
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право