Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-694/10

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 352.20 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање ноември 25, 2010
  • Последна промена август 6, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-694/10

„(...) од страна на тужениот била во целост спроведена постапката предвидена во случај на откажување на договорите за вработување на вработените од деловни причини со изготвување на програма за намерата за донесување на одлука за откажување на договорите за вработување на поголем број вработени, со известување на синдикатот за истата намера, со изготвување на нова систематизација на работни места, па спроведувајќи ја програмата и одлуката на Одборот на директори, биле изготвени критериуми и мерила на основа на кои ќе се врши бодирање на вработените во случај на намалување на бројот на извршители на определени работни места и била известена службата надлежна за посредување при вработување за планираните колективни отпуштања од страна на тужениот. Притоа тужителот не бил бодиран бидејќи бил единствен работник како ракувач со виљушкар, кое работно место со новата систематизација било укинато. Во услови на правилно и законито спроведена постапка и при состојба кога работното место на кое работел тужителот со новата систематизација било укинато и по оценка на овој суд, правилно првостепениот суд утврдил дека тужениот спровел законита постапка за престанок на работниот однос на тужителот од деловни причини во смисла на одредбите од Законот за работните односи.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1291/10
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право