- Version
- Преземи 1
- Големина на фајлот 331.35 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање март 5, 2014
- Последна промена август 6, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-84/14
„(...) тужениот на ден 20.03.2011 година донел Програма за намерата за воведување на економски, технолошки и структурални промени, реорганизација и организација на работата, работните места и процесот на работење во Одделот за одржување во Секторот за деловен простор поради промените во начинот на работењето во Друштвото во изминатиот период, а посебно промените во работењето на Одделот за одржување во рамките на Секторот за деловен простор, поради потребата за укинување на дел од работните места предвидени во Правилникот за организација и систематизација на работни места и задачи и тоа укинување на работното место редар на кое работно место бил распореден тужителот.
На ден 05.04.2011 година бил донесен Елаборат за намерата за воведување на економски, технолошки и структурални промени, реорганизација и организација на работата, работните места и процесот на работење во Одделот за одржување во Секторот за деловен простор со образложение за намерата за воведување на економски, технолошки и структурални промени, реорганизација и организација на работата, работните места и процесот на работење во Одделот за одржување во Секторот за деловен простор и кои се правата на работниците на кои ќе им престане работниот однос.
На ден 05.04.2011 година врз основа на чл. 45 и 46 од Статутот на С. п. тужениот донел Одлука за измена на Правилникот за организација и систематизација на работите и задачите на С. п. АД Скопје.
На ден 08.04.2011 година тужениот донел Одлука заведена под број 04-16/03 за откажување на договорот за вработување од деловни причини на тужителот.
Новиот правилник за организација и систематизација на работите и задачите тужениот го донел на ден 18.04.2011 година, во кој било предвидено дека со влегување во сила на овој Правилник, престанува да важи Правилникот за организација и систематизација на работните места од 03.09.2009 година и сите измени и дополнувања на тој правилник.
(...) по наоѓање на овој суд, тужениот при спроведување на постапката за откажување на договорот на тужителот од деловни причини направил пропусти кои ја прават одлуката за отказ незаконита бидејќи новиот правилник за организација и систематизација на работите и задачите тужениот го донел на ден 18.04.2011 година, значи по донесување на Одлуката за откажување на договорот за вработување од деловни причини на тужителот, односно во моментот кога е донесена Одлуката за откажување на договорот за вработување од деловни причини од 08.04.2011 година со која му престанува работниот однос на тужителот распореден на работното место редар бил во важност Правилникот за организација и систематизација на работите и задачите бр.02-1413/49-4 од 03.02.2009 година со кој правилник било предвидено работно место редар на кое работно место тужителот бил распореден и ги извршувал работните задачи.
Исто така, согласно со чл. 72 од ЗРО, ако работодавачот го откажува договорот за вработување, е должен да го наведе основот за отказот, утврден со закон, колективен договор и акт на работодавачот и да ја докаже основаноста на причината која го оправдува отказот, согласно со чл. 74 од ЗРО, отказот на договорот за вработување задолжително се изрекува во писмена форма, работодавачот е должен писмено да го образложи откажувањето на договорот, како и да му укаже на работникот на правната заштита и да го запознае со неговите права од осигурување во случај на невработеност, согласно со закон.
(...) кога работодавачот го откажува договорот за вработување, во својата одлука е должен да го наведе основот за откажување на договорот за вработување и во истата да го образложи откажувањето на договорот за вработување, па како видно од содржината на одлуката истата нема образложение на основот и причините за откажување на договорот за вработување кое го оправдува отказот кое нешто е од суштествено значење при давањето на отказот, односно изнесените причини со одлуката дека се дава престанок на работниот однос поради деловни причини и дека со денот на престанокот на работниот однос на работникот му се исплатува испратнина не е доволна причина за образложение за дадениот отказ за да му се прифати дека одлуката е законита (...)”