Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1390/10

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 324.08 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање февруари 15, 2011
  • Последна промена август 6, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1390/10

„Неоснован е жалбениот навод на тужителот дека тужениот не ја докажал основаноста на причината за отказ што е спротивно на чл. 72 од ЗРО, како и не ги применил критериумите и мерилата утврдени со Општиот Колективен договор. Ова од причина што од доказите изведени во текот на постапката, првостепениот суд утврдил дека тужениот донел одлука за измени и дополнување на Правилникот за внатрешна организација од 21.12.2009 година, според која тужениот го укинал работното место геодетски инженер на кое работел тужителот. Според наведеното, првостепениот суд правилно одлучил кога го одбил како неосновано тужбеното барање на тужителот за поништување на одлуката за откажување на договорот за вработување со отказ од деловни причини, бидејќи истата е донесена во законита постапка врз основа на чл. 76, ст. 1, т. 3, чл. 96, ст. 1, т. 1, 2 и 3 и чл. 97 од ЗРО.

Овој суд ги ценеше и жалбените наводи дека тужениот одлуката за откажување на договорот за вработување, одлуката за измена на актот за систематизација и Правилникот за систематизација и внатрешна организација кај тужениот му ги доставил на тужителот за време кога го остварувал своето право на годишен одмор, меѓутоа за истите најде дека се неосновани и не се од влијание за поинакво одлучување во конкретниот случај. Имено, правилно првостепениот суд утврдил дека одлуката за престанок на работниот однос на тужителот од деловни причини е законита и правилно донесена во законито спроведена постапка согласно одредбите од ЗРО.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1594/10
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право