- Version
- Преземи 1
- Големина на фајлот 471.06 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање февруари 12, 2014
- Последна промена август 6, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-86/14
„Во конкретниот случај согласно чл. 76, ст. 1 од ЗРО, работодавачот може на работникот да му го откаже договорот за вработување кога не е можно продолжување на работниот однос ако престане потребата од вршење на одредена работа од условите наведени во договорот за вработување, заради деловни причини. Поаѓајќи од напред наведеното првостепениот суд правилно одлучил кога го усвоил тужбеното барање на тужителот бидејќи тужениот при откажување на договорот за вработување на тужителот не постапил според горенаведената законска одредба, истиот не спровел постапка на реорганизација на работењето и откажување на договорите за вработување од деловни причини и притоа не го применил ЗРО.
Неоснован е жалбениот навод на тужениот дека не е јасно врз основа на што првостепениот суд утврдил дека во случајот се работи за престанок на работниот однос на поголем број работници и дека тужениот имал обврска да го примени чл. 95, ст. 1 од ЗРО. Ова од причина што од изведените докази во текот на постапката произлегува дека тужениот не ја спровел во целост постапката за престанок на работниот однос од деловни причини. Имено, тужениот пред започнување на постапката за откажување на договорот за вработување од деловни причини на тужителот морал во некој акт да има определено критериуми и мерила, како и да ги примени истите за на тој начин да го утврди приоритетот за задржување на работното место, односно да утврди на кои работници треба да им престане работниот однос. Исто така, тужениот навремено не го информирал Синдикатот или претставникот на работниците во врска со престанокот на работниот однос на работниците. При донесувањето на одлуката за отказ на договорот за вработување на тужителот од деловни причини, не била донесена Програма и не бил изменет актот за организација и систематизација на работни места кај тужениот. Со непостапување на овој начин постапката за отказ и донесената одлука е незаконита и спротивна на Законот за работните односи. Имајќи го предвид погоре наведеното, и по оценка на овој суд донесената одлука за откажување на договорот за вработување на тужителот не е во согласност со одредбите од ЗРО, поради што правилно постапил кога истата ја поништил како незаконита задолжувајќи го притоа тужениот да го врати тужителот на работа на работно место кое одговара на неговата стручна подготовка.”