- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 328.01 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање ноември 20, 2013
- Последна промена август 6, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1085/13
„(...) во конкретниот случај постапката за прогласување на дел од вработените како технолошки вишок не била спроведена во согласност со одредбите од Законот за работни односи и одлуката за откажување на договорот за вработување од деловни причини на тужителот не е правилна и законита, поради што правилно одлучил кога го усвоил тужбеното барање на тужителот. Имено, поради воведување на економски, структурални и слични промени кај тужениот, престанала потребата од работа на одредени делови кај тужениот заради што било одлучено да се укине Одделението за машинско одржување. Имајќи ги предвид напатствијата во решението на Врховниот суд, како и доказите изведени во текот на постапката правилно првостепениот суд утврдил дека сите вработени, вклучувајќи го и тужителот, врз основа на примена на критериуми за престанок на работен однос поради економски, структурални и слични промени во одделението машинско одржување кај тужениот биле бодирани и тоа по различни критериуми, како што се успешност, квалификација, стаж и друго и им бил утврден определен број на бодови, при што тужителот добил најмалку бодови во висина од 50 бода, за што била составена и бодовна листа. Меѓутоа, не е јасно дали работното место на кое работел тужителот е укинато или, пак, станува збор за намалување на бројот на извршители на тоа работно место. Исто така, тужениот не доставил акт од кој може да се утврди дека ги пропишал овие критериуми, како и бодовната листа која ја изготвил тужениот не содржи датум и деловоден број кога е сочинета и кога е заведена. Имајќи го предвид наведеното, правилно првостепениот суд го усвоил тужбеното барање на тужителот и ја поништил како незаконита Одлуката за отказ на договорот за вработување од деловни причини број 04-02/19 од 16.1.2008 година утврдувајќи дека постапката за прогласување на тужителот како технолошки вишок не била спроведена во согласност со одредбите од Законот за работни односи и дека одлуката за откажување на договорот за вработување од деловни причини на тужителот не е правилна и законита.”