- Version
- Преземи 3
- Големина на фајлот 313.15 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање февруари 28, 2013
- Последна промена август 6, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-2124/12
„Во конкретниот случај, немаме правна ситуација на откажување на договорот за вработување со последица на престанување на работен однос кај работодавачот – тужениот, туку станува збор за одлука за давање на отказ на договорот за вработување со понуда за склучување на нов променет договор за вработување што значи дека имаме ситуација во која на работникот – тужителот не му е престанат работниот однос кај работодавачот, туку се дава отказ на договорот врз основа на кој ги извршувал работните задачи на работното место сменоводител со понуда на ново работно место, што значи дека имаме правна ситуација на континуитет на вработувањето. Тужениот во ситуација во која подолг временски период, вработените против кои се водела кривична постапка отсуствувале од работа и поради неможност на редовно и нормално функционирање, тужениот бил принуден во меѓувреме да ангажира нови вработени лица, кои биле распоредени на упразнените места на суспендираните вработени па од тие причини, тужениот донел програма за воведување на економски и структурни промени со мерки за решавање на правата на работниците за чија работа престаналa потребата во ЈП М. M. Скопје, со намера да ги задржи на работа времено суспендираните работници меѓу кои и тужителот и врз основа на донесената програма извршил и измена и дополнување на Правилникот за внатрешна организација и систематизција на работните места за распоредување на овие работници на други работни места соодветно на степенот на нивната стручна подготовка, односно на истите им било понудено продолжување на работниот однос со понуда на нов договор за вработување на работно место – патар на патот. Па од тука произлегува дека тужениот основано и законито ја спровел постапката со откажување на договорот за вработување со предлог за склучување на нов променет договор за вработување и тужителот во овој случај не е доведен во неповолна положба, бидејќи ова претставувало единствена можност да може да биде работно ангажиран, а воедно истиот бил распореден на работно место на кое била предвидена средна стручна подготовка со која располагал тужителот.”