- Version
- Преземи 1
- Големина на фајлот 304.19 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 3, 2014
- Последна промена август 6, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-109/14
„(...) Имено, во конкретниот случај на тужителите им бил изречен отказ на договорот за вработување и со донесувањето на одлуката за отказ истовремено им бил понуден нов договор за вработување за работно место општ работник кое е во согласност со стручната подготовка која ја поседуваат тужителите и потребите на тужениот за вработување работници на ова работно место. Одлуката за отказ на тужителите им била дадена поради покажаните слаби релултати и залагање при исполнување на работите и работните задачи предвидени за работното место возач, како и постојано нарушување на работниот ред и дисциплина и конфликтно однесување со непосредно претпоставените кај работодавецот. Од изведените докази во текот на постапката произлегува дека тужителите не се изјасниле за новиот понуден договор и не ги оспориле наведените одлуки во согласност со дадената правна поука, па оттука правилно тужениот во согласност со чл. 78 од ЗРО ги донел оспорените решенија со изнесени и доволно образложени причини за престанокот на работниот однос на тужителите. Исто така, видно од одлуките за отказ, истите на ден 20.12.2011 година им биле лично врачени на тужителите при што тие одбиле да ги примат и да ги потпишат, а тоа е потврдено од страна на тричлена комисија. Ова дотолку повеќе што тужителите во приговорот од 01.02.2012 година навеле дека со одлука им се нуди друго работно место општ работник, што укажува дека тужителите биле запознати со содржината на одлуките и се изјасниле по нив. Имајќи предвид дека тужителите не го потпишале новиот договор за вработување и не ја оспориле одлуката за отказ, и по оценка на овој суд оспорените решенија за престанок на работниот однос на тужителите се законити, поради што правилно првостепениот суд го одбил како неосновано тужбеното барање на тужителите.”