- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 348.53 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 24, 2012
- Последна промена август 6, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-841/12
„(...) тужителот немал составено и поднесено до тужениот писмена изјава со која барал да му престане работниот однос кај тужениот заклучно со 6.4.2009 година. Имено, од увидот во наодот и мислењето на МВР Оддделение за криминалистика Скопје од 29.4.2010 година произлегува дека содржината на изјавата не била напишана од тужителот, што значи дека иако потписот на изјавата бил на тужителот, содржината на истата не е израз на неговата слободно и сериозно изразена волја да му престане работниот однос, поради што и по оценка на овој суд оспореното решение бр. 04-77 од 6.4.2009 година од тужениот е спротивно на чл. 71 од ЗРО. Ова дотолку повеќе што, видно од исказот на тужителот произлегува дека истиот на 3.4.2009 година во Велес дознал дека на 30.3.2009 година бил објавен оглас за пополнување на неговото работно место, што значи тужениот поднел пријава за пополнување на неговото работно место кога објективно не можел да знае дека тужителот на 6.4.2009 година ќе поднесе изјава за отказ во Агенцијата за вработување Центар за вработување Велес, и по истекот на рокот во огласот на ден 6.4.2009 година бил одјавен и веќе следниот ден на негово работно место бил примен друг работник.”