- Version
- Преземи 3
- Големина на фајлот 453.95 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање септември 19, 2018
- Последна промена август 6, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-196/18
„(...) правилно првостепениот суд постапил кога прифатил дека доставените платни листи за исплатена плата и придонеси од плата на тужителот, не претставуваат законски основ за исплата на плата, а со тоа и обврска на тужениот да му ја исплати на тужителот платата која што му ја исплаќал пред добивање на отказното решение, бидејќи согласно со законските одредби од чл. 12, став 4 и чл. 105 од ЗРО висината на месечната плата се утврдува со договор за работа и претставува задолжителен суштествен елемент на договорот за работа.
Па оттука, во состојба кога помеѓу странките постои склучен полноважен Договор за работа во кој е определена месечна плата, а кој договор не бил менуван и бил во сила за време на траењето на работниот однос, произлегува дека тужениот како работодавач имал законска обврска да му ја исплаќа на тужителот како работник договорената месечна плата, и на таа плата да му ги уплати придонесите од плата.
(...) во услови кога според состојбата на списите во предметот од страна на тужителот не е доставен материјален доказ дека помеѓу тужителот и тужениот како договорни страни постоела некаква промена како по однос на работното место, така и по однос на висината на месечната плата, во смисла на тоа да склучат анекс на договорот за работа или пак нов договор во коишто би биле внесени овие промени доколку истите биле од траен карактер за да може да се прифати дека на тужителот му следува повисока плата од таа утврдена со договорот за работа на неопределено време заверен под бр. 33/06 од 07.04.2006 година, а фактот што тужениот му исплаќал на тужителот повисока плата од платата договорена со Договорот за вработување не може да се прифати дека истиот има обврска таа плата да му исплати на тужителот за спорниот период, односно за периодот на незаконскиот престанок на работниот однос од причина што обврската на тужениот е да ја исплаќа договорената месечна плата договорена со писмен договор за работа. Од друга страна, волја е на работодавачот дали истиот во одредени месеци ќе му исплаќа повисока плата од договорената, меѓутоа согласно договорот за работа тужениот како работодавач не смеел да му исплаќа пониска плата од договорената.
Во насока на горе наведеното и од утврденото од страна на првостепениот суд, во состојба кога тужителот бил вработен со Договор за работа на неопределено време заверен под бр. 33/06 од 07.04.2006 година на работно место за вршење на лаборантски работи со договорена месечна плата која ќе му се исплаќа на тужителот во износ од 10.000,00 денари, што претставува основан и задолжително законски акт со кој се заснова работен однос помеѓу работникот и работодавачот, овој договор не бил променет ниту дополнет од страна на договорните страни со писмени анекси ниту по однос на работното место ниту пак по однос на висината на месечната плата, па со оглед на договорената нето плата којашто тужениот бил должен да му ја исплаќа на тужителот била 10.000,00 денари, правилно првостепениот суд утврдил дека висината на надомест на штета поради незаконит престанок на работен однос треба да се пресмета според договорената нето плата со Договор за работа, поради што правилно одлучил кога го одбил како неосновано тужбеното барање во однос на разликата во плата пресметана според Договорот за ваботување и според последната месечната нето плата која тужениот му ја исплатил на тужителот пред отказот.”