- Version
- Преземи 4
- Големина на фајлот 339.97 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање ноември 15, 2018
- Последна промена август 6, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1278/18
„Имено, од прегледот од Агенцијата за вработување на РМ пријави-одјави заклучно со 11.01.2012 година тужителот бил со статус на невработено лице, а од изводот од ЦР на РМ под ЕМБС (…) е видно дека тужителот бил оснивач на спортско здружение и имал статус на невработено лице, па оттука произлегува дека во спорниот период тужителот бил невработен поради што му следува износот од 6.519.750,50 денари на име надомест на штета поради незаконит престанок на работниот однос.
Тоа значи, дека со донесување на правосилната одлука со која било утврдено дека на тужителот незаконито му престанал работниот однос кај тужениот, истиот има право на надомест на штета од незаконитиот престанок на работниот однос за спорниот период согласно закон, колективен договор и договор за вработување, што значи дека има право на неисплатени плати, како и придонеси од плата во смисла на чл. 102 од ЗРО.”