Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-534/16

  • Version
  • Преземи 2
  • Големина на фајлот 509.71 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 27, 2017
  • Последна промена август 6, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-534/16

„Во жалбата на тужителот која се однесува за дополнителната пресуда со која му е одбиено тужбеното барање на тужителот да се задолжи тужениот да го пријави во Агенција за вработување за период од 01.11.2010 година до 05.03.2013 година, да го регулира работниот стаж на тужителот за спорниот период во Агенцијата за вработување, да се задолжи тужениот да изготви пресметки за плата за наведениот период, односно месечни пресметки за интегрирана наплата (образец МПИН) и истите да ги достави до Управата за јавни приходи, неосновано се наведува дека првостепениот суд погрешно постапил кога го одбил како неосновано во овој дел тужбеното барање на тужителот.

Ова од причина што пред се вака поставеното барање не е предвидено со ЗРО, и судот не може и нема обврска, односно основ да му наложи на тужениот да изготви пресметка за плата за наведениот период по месечни пресметки како интегрирана плата, додека регулирањето на работниот стаж на тужителот со исплата на плати и уплата на придонеси е законска обврска на тужениот. Наведеното дотолку повеќе што, во конкретниот случај се работи за надомест на штета поради незаконит престанок на работниот однос и тужениот е задолжен да му ги уплати придонесите од плата на тужителот.”

Претходно Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-435/17
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право