Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-725/17

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 571.92 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање април 25, 2018
  • Последна промена август 6, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-725/17

„Во конкретниот случај видно од списите во предметот на тужителот не доставил соодветни докази дека несреќата се случила на ден 23.12.2011 година за време на извршување на работните задачи на работното место за кое има склучено договор за вработување, односно нема доставено Пријава за несреќа при работа, а видно од писменото на Министерството за труд и социјална политика, Државен инспекторат за труд, правниот субјект Друштво за производство, градежништво, промет и услуги М. ДОО увоз - извос С. до Државениот инспекторат за труд Скопје, согласно чл. 36 од Закон за безбедност и здравје при работа („Службен весник на РМ” бр. 92/07, 136/11, ..... 129/15 и 30/16), не доставил Пријава за несреќа при работа, која се случила на ден 23.12.2011 година во Република Црна Гора во град Пљевље, ниту има доставено други соодветни докази за да судот утврди фактот и околности коишто се од решително значење за да се прифати дека од страна на тужениот има одговорност по основ на вина за настаната штета, а со тоа исполнетост на законските услови од чл. 159 од ЗРО и чл. 141 од ЗОО.

Во оваа смисла, видно од содржината на тужбата, тужителот нема посочено ниту околности во поглед на тоа со кои дејствија или пропусти тужениот му причинил штета на тужителот, односно во што се состои вината на тужениот за настанатата штета и истиот има одговорност штетата да ја надомести. Самата околност - повредата на левиот рачен зглоб здобиена при пад, правилно првостепениот суд прифатил дека не може да биде основ за постоење на вина без утврдување на факти и околности во поглед на постоење на вина на страна на тужениот и по тој основ тужениот да биде одговорен за штетата што ја претрпел тужителот од настанатата повреда.

Ова дотолку повеќе што, ниту од исказот на тужителот, распрашан во својство на странка, со сигурност не може да се утврди датумот, времето и местото на склучување на настанот, врз основа на што, тужителот смета дека поради претпрпената повреда при работа, има право на надомест на нематеријална и материјална штета. Исто така, не може да се утврди ниту тоа, колку часови тужителот работел пред настанот, кој му бил непосредно претпоставен во работата при извршување на работните задачи во РМ, а кој во Пљевље, Република Црна Гора, кое лице како непосредно претпоставен, спорниот ден му дал да извршува работни задачи и кој е очевидец на настанот, врз основа на кој правен документ /Решение/ Налог за службено патување заминал на работа во Пљевље, Република Црна Гора.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-95/18
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право