Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-147/14

  • Version
  • Преземи 3
  • Големина на фајлот 357.43 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање март 5, 2014
  • Последна промена август 6, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-147/14

„Првостепениот суд од доказите изведени во текот на постапката, нивна оценка и анализа, правилно утврдил дека тужителот врз основа на Договор за вработување од 1.4.2011 година засновал работен однос кај тужениот (...) на определено време почнувајќи од 1.4.2011 до 30.4.2011 година на работно место - електротехничар. На ден 21.4.2011 година околу 12,30 часот при монтажа на импровизирано (необезбедено) скеле кое требало да се употреби за демонтажа на инсталациона опрема (метални канали) за вентилација поставена на кровната конструкција на објектот од страна на тужителот, сведоците раководителот на одржување Н. Ц. и работниците Р. О., С. Џ. и С. П., тужителот од височина од околу 8 метри паднал од скелето и се здобил со тешки телесни повреди. Веднаш по несреќата тужителот со службено возило бил однесен во Градската Болница, а поради сериозноста на повредите бил пренесен во Клиничкиот Центар во Скопје. Државниот инспекторат за труд од областа на безбедноста и здравјето, истиот ден околу 16,30 часот извршил инспекциски надзор во објектот на тужениот по повод настанатата несреќа при што бил составен записник бр. 07-2451/1 од 21.4.2011 година и било констатирано дека врз основа на непосредниот увид на лице место било констатирано дека работодавачот - тужениот не го задолжил работникот - тужителот со лични заштитни средства (заштитен шлем, работно одело, кондури, заштитен појас, наочари и ракавици) како и дека тужителот за време на настанот не носел никаква заштитна опрема која би послужила како заштита. Од страна на Државниот инспекторат за труд било констатирано и дека работодавачот - тужениот не обезбедил пристапот до работните места изложени на специфична и сериозна опасност, да е дозволен само на оние вработени кои добиле посебни упатства за работа на таквите работни места. Како последица на оваа повреда тужителот се здобил со тешки телесни повреди изразени во вид на нагмечување на слабинскиот дел од `рбетот, повеќефрагментарна скршеница на првиот и вториот слабински пршлен, скршеница на радијалната коска во предел на левиот рачен зглоб, нагмечување на главата и градниот кош, потрес на мозокот, афекција на слушните нерви, зуење во ушите, синдром на вртоглавица и наглувост. Поради несреќата, кај тужителот била утврдена општа неспособоност за работа и истиот се стекнал со право на инвалидска пензија во висина од 13.424,00 деанри почнувајќи од 6.10.2012 година врз основа на решение на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија - Стручна служба, Филијала С.

На вака правилно утврдена фактичка состојба првостепениот суд правилно го применил материјалното право кога делумно го усвоил тужбеното барање на тужителот, задолжувајќи го тужениот да му исплати на тужителот на име нематеријална шета вкупен износ од 750.000,00 денари.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-84/14
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право