Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1631/17

  • Version
  • Преземи 2
  • Големина на фајлот 519.85 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање мај 23, 2018
  • Последна промена август 6, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1631/17

„(...) првостепениот суд од доказите изведени во текот на постапката правилно утврдил дека тужителот бил во работен однос кај тужениот и дека на критичната дата 23.03.2013 година се здобил со тешка телесна повреда при извршувањето на своите работни задачи во кругот на работните простории на тужениот, во надворешниот дел на објектот, односно работел на местење на запчаник на моторот на вилушкар ЛИНДЕ, кое нешто е во рамките на работни обврски на тужителот на работното место - механичар на машини.

За настаната незгода, од страна на тужениот била составена Пријава за несреќа при работа (...) во која било наведено дека несреќата се случила на ден 23.03.2013 година во 14,00 часот во кругот на работните простории на тужениот, односно во надворешниот дел од објектот, како и дека извор на несреќата е „невниманието на друг работник Р.С.” со причина за несреќата - невнимание, наместо на клуч да го исклучи вилушкарот, тој го вклучил-заверглал со констатација од тужениот дека биле користени лични заштитни средства и лична заштитна опрема.

Од страна на Државниот инспекторат за труд бил составен записник за извршен инспекциски надзор (...) во врска со настанатата повреда на тужителот при извршување на работните обврски во кој било утврдено дека на критичната дата тужителот извршувајќи ги своите работни задачи во еден момент, друго вработено лице Р. се качил на вилушкарот и наместо истиот да го изгаси од контакт, тој го вклучил вилушкарот при што на тужителот му бил притиснат четвртиот прст на десната рака и се здобил со повреда.

Врз основа на наведените писмени докази, правилно првостепениот суд утврдил дека тужениот во постапката пред Државниот инспекторат за труд не спорел дека причина за повредата е постапувањето на друг вработен, поради што и нема утврдена прекршочна одговорност од аспект на мерките за безбедност и здравје при работа, односно констатирано е дека истите се превземени, а дотолку повеќе што тужениот со ниту еден доказ не докажа дека на критичната дата, работникот сега сведокот Р. постапувал онака како што требало, ниту пак согласно чл. 205 од ЗПП ја докажал основаноста на наводите дека тужителот бил невнимателен и несоодветно постапувал.

Оттука произлегува дека правилно првостепениот суд согласно чл. 157, ст. 1 од ЗОО в.в. со чл. 159 од ЗРО утврдил дека сега тужениот како работодавач на сведокот Р. С. на критичната дата 23.03.2013 година има обврска на тужителот да му ја надомести штетата која за истиот настанала поради дејствие на сведокот Р. С., кој наместо по барање и налог на сведокот М. З., да го исклучи моторот на вилушкарот, истиот го вклучил, па запчаникот на кој во тој момент работел тужителот го зафатил четвртиот прст на неговата десна рака и му нанел длабока исеченица.”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.9/2018
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право