Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1712/17

  • Version
  • Преземи 4
  • Големина на фајлот 463.38 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јули 4, 2018
  • Последна промена август 6, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1712/17

„(...) во случајов постои причинско-последична врска помеѓу штетното дејствие и штетата, а со тоа и основ на одговорност врз основа на која тужениот би бил задолжен да му ја надомести нематеријалната штета на тужителот. Со оглед на наведеното, и по оценка на овој суд правилно првостепениот суд утврдил дека за настанување на предметната незгода постои вина на страна на тужениот по принципот на објективна одговорност, но и субјективна вина на страна на тужителот, при што поделената одговорност на странките во овој спор во настанувањето на штетата е во процентуален сооднос од 40% спрема 60%.

Имено, видно од актот за систематизација на тужениот, тужителот имал обврска да контактира со други служби (транспорт, опрема и одржување) и да укажува на одредени аномалии и дефекти на постројката за навремено отклонување на истите, да обезбеди непречен проток на материјалот по линијата, да ја контролира постројката и одговара за нејзино правилно функционирање, а за работното место било потребно да ги познава техничко-технолошките карактеристики на постројката, да минал задолжителна обука и проверка на оспособеноста за извршување на работните задачи. Од доказите изведени во текот на постапката произлегува дека за време на настанатата незгода, вработените, како и тужителот работеле на нова машина за која не посетиле обука, не виделе упатства, ниту процеси за начинот на нејзино користење и дека распоредувањето од едно работно место на друго се вршело без спроведување на класичен испит на вработениот. Како тужителот не ја минал задолжителната обука за новата машина, а тужениот не ја проверил неговата стручност за извршување на работните задачи на истата, тужителот не бил оспособен од страна на тужениот да ги извршува соодветно своите работни задачи предвидени во актот за ситематизација на тужениот, од каде произлегува и причинско-последичната врска за настанување на штетата.

Од друга страна пак, тужителот бил запознаен со подесувањето на машината на рачно, или автоматско вклучување, а од увидот во картонот за задолжување со лични заштитни средства, произлегува дека тужителот бил задолжен со заштитни наочари кои во време на настанување на незгодата не ги носел истите. Со оглед на наведеното, правилно првостепениот суд утврдил дека со ваквите дејствија тужителот има свој придонес, односно вина за настанување на штетата, а со тоа истата да биде во поголем обем.”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.24/2018
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право