Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-164/17

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 634.14 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јуни 7, 2017
  • Последна промена август 6, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-164/17

„По констатираниот кусок тужителот донел одлука за надомест на штета 0402-1806 од 16.07.2015 година со која било утврдена висината на штетата во износ од 419.515,00 денари, а која штета требало да ја надоместат повеќе вработени во маркетот кои имале пристап до производите бидејќи било невозможно да се утврди кој ја причинил штетата. Потоа тужителот по донесување на одлуката за надомест на штета донел одлука за парична казна бр.0402-1869 од 30.07.2015 година со која на сите вработени им била изречена казна за причинетата материјална штета во вкупен износ од 419.515,00 денари, а со која биле задолжени сите да ја надоместат штетата во еднакви делови во износ од по 18.240,00 денари, меѓу кои била и сега тужената. Согласно донесената одлука, тужителот при исплата на плата за месец 06-ти 2015 година на тужената и задржал износ од 3.000,00 денари, а од плата за 07-ми 2015 година ѝ е задржан износ од 131,00 денари видно од исплатата листа за месец 06/2015 и 07/2015 година од кои причини барањето од тужителот кон тужената е прецизирано на износ од 15.109,00 денари, а додека од дополнителниот наод и мислење изготвен од вештото лице врз основа на приложената писмена документација првостепениот суд утврдил дека приемот на трговска стока во маркетот го вршеле повеќе вработени па наместо 23 вработени кај тужителот во спорниот период биле 24 вработени при што вештото лице изготвило нова пресметка на распределба на кусокот и е утврдено дека тужената преостанува да должи на тужителот износ од 14.349,00 денари. (...)

Имајќи го предвид наведеното првостепниот суд правилно оценил дека тужената ја сторила материјалната штета за која се товари и со тоа правилно одлучил кога ја задолжил тужената како во изреката на пресудата, дотолку повеќе што тужената не докажала дека нема вина при утврдената штета на тужителот, истата не доставила писмени докази од кои би се утврдила различна состојба од онаа прикажана со пописот, ниту пак докази од кои би се утврдила поинаква висина на пресметната штета од тужителот која била должна да ја надомести.

Поради наведеното неосновани се и жалбените наводи по однос на незаконитоста на одлуката бр. 0402-1869 од 30.07.2015 година од причина што во конкретниот случај предмет на тужбеното барање не е одлуката за парична казна бр.0402-1869 од 30.07.2015 година за да цени судот законитост, односно незаконитост на истата, туку во оваа правна работа предмет на оценка е сторената материјална штета од страна на тужената која ја побарува тужителот со предметната тужба, а која според утврденото од првостепениот суд произлегува од работење на сите вработени кај тужителот меѓу кои и тужената, а која штета е утврдена и определена со одлука за надомест на штета во смисла на чл. 156 од ЗРО, поради која тужителот претрпел штета од несовесното работење на тужената.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-541/17
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право