Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-543/16

  • Version
  • Преземи 5
  • Големина на фајлот 411.39 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јуни 21, 2017
  • Последна промена август 6, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-543/16

„На тужениот му се става на товар дека истиот му предизвикал штета на тужителот на начин што не ги исполнил своите обврски и ги прекршил одредбите од Договорот за вработување, заснован со тужителот на начин што постапил спротивно на договорните обврски од чл. 12 и 17, ст. 3 од Договорот за вработување па истиот е обврзан да му ја надомести причинета штета во висина од 110.000,00 денари поради направени трошоци за обука.

На оваа околност, првостепениот суд врз основа на целокупната анализа на изведените докази во текот на постапката утврдил дека тужителот согласно со склучениот договор за вработување и програма за обука на козметичар не спровел обука за прaктична работа на работното место за кое е заснован работниот однос на тужената.

Видно од списите во предметот во оваа насока тужителот не доставил докази дека тужената била на неков вид на обука за стекнување на работно искуство, ниту дека истиот одржувал теоретска и практична обука согласно програмата за обука на козметичар.

Имено, тужената завршила за козметички техничар во Средното стручно училиште Димитар Влахов во Скопје, во текот на своето образование истата се стекнала со практична настава за козметичар и истата се стекнала со стучно знаење и пракса и истата работела во областа на козметичките услуги. Имајќи го во предвид горе наведеното, во услови кога од доказите врз основа на кои тужителот го заснова своето барање за надомест на штета истиот не докажал дека паричниот износ од 110.000,00 денари е вложен за обука на тужената и дека поради тие причини тужената не требала да даде отказ и не требала да продолжи да работи во конкурентско трговско друштво кое има иста регистрирана дејност, при што ги нуди истите козметички услуги и третмани, правилно првостепениот суд утврдил дека тужениот не извршил кршење на конкурентската клаузула, па тужителот нема основ да побарува надомест на штета, односно дека тужениот не ја сторил штетата која му се става на товар за да истиот има обврска да ја надомести истата.”

Претходно Решение на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.66/2016
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право