Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1658/17

  • Version
  • Преземи 2
  • Големина на фајлот 458.18 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање април 11, 2018
  • Последна промена август 6, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1658/17

„(...) согласно одредбите од чл. 156, ст. 1 од ЗРО и чл. 141, ст. 1 од ЗОО в.в. со чл. 40 од Законот за изменување и дополнување на ЗОО (Сл. весник на РМ бр. 84 од 11.07.2008 година), за постоење на штетата потребно е да бидат исполнети сите услови, односно на работодавачот да му е нанесена штета, штетата да ја предизвикал работник кој е во работен однос кај истиот, штетата да е сторена во работа или во врска со работата. Во конкретниот случај, од изведените докази во текот на постапката произлегува дека тужените, како службени лица, односно вработени кај тужителот, на 33 потрошувачи, наместо да добијат приклучок во редовна постапка и на легален начин да ги пријават и приклучат, истите нелегално ги приклучиле и ги внеле во билинг системот на тужителот како корисници, со што на тужителот му предизвикале штета, во износ од 467.280,00денари, или износ од по 14.160,00 денари по приклучок. Со оглед дека тужените на 33 потрошувачи кои наместо во редовна постапка и на легален начин да ги пријават и приклучат на водоводна мрежа, истите на нелегален начин ги имаат приклучено и ги имаат внесено во Билинг системот на ЈП Водовод, тужителот поради дејствијата на тужените не остварил наплата на направените приклучоци, поради што правилно првостепениот суд постапил кога ги задолжил тужените солидарно да му платат на тужителот надомест на штета во висина од 467.280,00 денари.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1699/17
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право