- Version
- Преземи 1
- Големина на фајлот 360.83 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање април 4, 2012
- Последна промена август 6, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1653/11
„Со оглед дека во списокот на вработени во „М. 5” во периодот од 01.06.2009 година до 10.01.2010 година биле евидентирани седум продавачи како вработени меѓу кои и сега тужителите, а тужителите во текот на постапката не докажале дека освен нив во наведениот период кај тужениот во маркетот 5 имало и други вработени, правилно тужениот во смисла на одредбата од чл. 156, ст. 3 од ЗРО вкупниот кусок го поделил на седум, добивајќи го износот од 24.832,00 денари, со кој ги задолжил секој од продавачите.
Жалбените наводи дека погрешно првостепениот суд утврдил дека при утврдување на материјална штета предизвикана од страна на работниците во врска со работата, тужениот – работодавач не мора да донесе посебни одлуки во посебна постапка во која би ја утврдил штетата и би дал право на приговор, односно дека тоа дотолку повеќе ги прави незаконити оспорените одлуки, овој суд ги оцени како неосновани. Ова од причина што правилно првостепениот суд утврдил дека тужениот во таков случај доволно е да ја констатира материјалната штета, која доколку во одреден рок во кој ќе биде повикан работникот да ја надомести, не биде надоместена, тогаш работодавачот ќе може во постапка пред надлежен суд да бара надоместување на таквата штета. Ваквиот заклучок на првостепениот суд не ги прави незаконити оспорените одлуки, како што не ги прави незаконити и тоа што како такви не се предвидени во ЗРО, односно дека само фактот што ЗРО не предвидува такви одлуки не значи дека се незаконити според истиот закон, кога истите по содржина и форма ги содржат сите елементи кои треба да ги има една одлука со определен рок за реализирање.”