- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 465.11 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање февруари 7, 2013
- Последна промена август 6, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-2232/12
„Во конкретниот случај за откажување на договорот за вработување поради деловни причини, првостепениот суд нема законска можност да се впушта во оцена на потребата од оправданост од престанок на работниот однос, ниту пак во начинот и бројот на доделените бодови на тужителот, затоа што право на работодавачот е согласно утврдените критериуми да врши бодирање на секој од вработените, кое нешто тужениот и го сторил бодирајќи го тужителот и по тие критериуми. Првостепениот суд согласно одредбите од Законот за работните односи внимава дали е законски спроведена постапката за откажување на договорот за вработување од деловни причини (технолошки, економски, организациони и слични промени), од страна на работодавачот - тужениот што во овој случај и го има сторено. Првостепениот суд правилно утврдил дека тужениот како работодавач законски ја спровел постапката за откажување на договорот за вработување од деловни причини (технолошки, економски, организациони и слични промени) и постапил согласно со законските одредби од Законот за работни односи. Тужителот бил бодиран од страна на овластеното лице С. Л., претседател на Извршниот одбор на ОО на Синдикатот при Ц. К. банка АД Скопје, кој е сослушан како сведок на записник за главна расправа од 23.04.2012 година на околности за спроведената постапка за колективно отпушање на работници. Судот од неговиот исказ на кој му поклонил верба утврдил дека бил раководител на тужителот и учесник во постапката од самиот почеток, најпрво добиле усмени сознанија за спроведување на постапката, бил оформен одбор за преговори чиј член бил и тој, а со цел за надминување на последиците од спроведување на постапката за технолошки вишок. Сведокот навел дека Синдикатот бил запознат и информиран за постапката, а истиот го вршел бодирањето на тужителот согласно Одлуката донесена од страна на Управниот одбор бр.0202-64/1 од 22.03.2011 година за мерила и критериуми за утврдување на потребата за престанок на работниот однос, тужителот бил бодиран согласно со утврдените критериуми. Тужениот донел Програма за престанок на работниот однос на работниците и во истата се осврнал на битните прашања по однос на потребата од отпуштање на поголем број работници, доставил известување до Агенцијата за вработување во кое ги навел причините за намалување на бројот на работниците, квалификационата структура и вкупниот број на вработени, бројот на работници на кои ќе им престане работниот однос, мерките на ублажување на последиците од престанокот на работниот однос, доставил известување до Синдикалната организација при Ц. К. банка АД Скопје, поткрепено со докази за причините за престанување на потребата од работа на работниците. Од напред наведеното, јасно произлегува дека оцената за потребата од вакви промени ја прави единствено работодавачот, додека пак судот оценува само дали работниот однос на работникот во случајов престанал под услови или начин утврден со Закон, Колективен договор и Договор за работа, при што не ја цени потребата и оправданоста на престанокот на работниот однос по оваа основа. (...)
Неосновани се жалбените наводи во однос на отказниот рок и користењето на годишниот одмор, затоа што на тужителот не му е повредено правото да го користи годишниот одмор, а за тој период и му е исплатена плата и придонеси.”