Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-666/13

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 312.46 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 4, 2013
  • Последна промена август 6, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-666/13

„(...) решението за откажување на договорот за вработување бр. 00407-6255/3 од 31.08.2012 година е правилно и донесено во законито спроведена постапка за што биле извршени внатрешни контроли, биле составени записници од внатрешната контрола со опис на затекнатата ситуација на терен од страна на одделот за внатрешна контрола кај тужениот, а поради тоа што работникот, односно сега тужителот сторил повреда на работните обврски предвидени во чл. 51, ст. 1, т. 1, 25, 34, 45 и 78 од Правилникот за работа на вработените на бензиската станица, како и чл. 82, ст. 1, т. 5 од ЗРО.

(...) правилно Првостепениот суд утврдил дека тужителот сторил кршење на работниот ред и дисциплина со тоа што истиот пристигнувал на работното место во предвиденото време, со картичка го регистрирал своето присуство на објектот, но не се пријавувал за работа во програмата за стоково работење, вршел продажба на трговска стока, не ги услужувал купувачите кои пристигнувале на бензиската станица, предвремено го затворал објектот и наместо предвидените 12 часа во смена истиот бил присутен на работното место само 8 часа.

По однос на жалбениот навод за промена на работното време во договорот за вработување, овој суд најде дека истиот е неоснован од причина што, на бензиската станица каде што работел тужителот работното време било утврдено во турнуси по 12 часа, кое тужителот бил должен да го почитува и да се придржува како и останатите работници кај тужениот. Во конкретната постапка, тужителот не доставил докази за својата здравствена состојба, ниту соодветна лекарска документација од комисијата за оцена на работната способност при Фондот за ПИОМ со која би се утврдила променета работна способност на тужителот врз основа на која истиот би бил распореден на друго работно место согласно работната способност.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-550/13
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право