Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-326/11

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 329.73 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јули 13, 2011
  • Последна промена август 15, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-326/11

„(...) тужениот донел одлука број 03-220 од 17.01.2006 година со која за претставник на работниците бил избран М. А. со мандат од 4 години. Тужителот не знаел дека за претставник на работниците бил избран М. А., а за постапката за технолошки вишок тужителот за прв пат дознал на денот на приемот на отказното решение.

(...) првостепениот суд оценил дека тужениот постапката за откажување на договорите за вработување меѓу кои и на тужителот поради деловни причини ја спровел спротивно на Законот за работни односи, Општиот колективен договор за стопанството и Меѓународните конвенции признаени и ратификувани од страна на Република Македонија поради што и применувајќи ги одредбите од чл. 12, ст. 1, чл. 71, ст. 2, чл. 87, 90, ст. 1 и чл. 95, ст. 1 од Законот за работните односи, правилно одлучил кога усвојувајќи го тужбеното барање на тужителот ја поништил одлуката за отказ на договорот за вработување и го задолжил тужениот да го врати тужителот на работно место соодветн на неговата стручна подготовка.

Овој суд ги ценеше жалбените наводи на тужениот дека при донесувањето на одлуките за откажување на договорот за вработување на тужителот постапил согласно одредбата од чл. 95 од Законот за работни односи затоа што тужениот доставил известување до претставникот на работниците за намерата за откажување на договорите за вработување на поголем број од вработените, истиот учествувал на седниците на претседателството, а ги известувал и работниците одржувајќи со нив состаноци, меѓутоа истите не ги прифати раководејќи се притоа од причина што ниту сведокот М. А. не се сеќавал кога одржувал состаноци со вработените на кои ги известил за намерата на тужениот за преземање на мерки за намалување на бројот на вработените од деловни причини ниту пак е доставен записник од состанок на ова лице како претставник на вработените кај тужениот со вработените на кој истите се известени за ваквата намера на тужениот и потреба од намалување на бројот на вработените поради деловни причини.

Неосновани се и жалбените наводи на тужениот дека тужениот вршел консултации и советување со преставникот на работниците на повеќе наврати за изнаоѓање на можни решенија за ублажување на штетните последици и дека во смисла на одредбата од чл. 96 од ЗРО биле барани алтернативни решенија со претставникот на вработените за променет договор за вработување, преквалификација или доквалификација на работниците. Ова од причина што видно од записникот од 16-тата седница на претседателството на Собранието на тужениот одржана на 30.09.2009 година на оваа седница на дневен ред е поставена и точка консултации и советување со претставникот на вработените за откажување на договорите за вработување од деловни причини. На истата седница е усвоен и правилникот за измени на Правилникот за систематизација, усвоена е програма за технолошки вишок и донесена е одлука за престанок на работен однос на работници од деловни причини што значи дека ниту биле извршени претходно – пред донесување на одлуката за престанок на работниот однос на работници од деловни причини консултации со претставникот на вработените, а уште помалку дека вработените биле известени за намерата на тужениот за престанок на работниот однос од деловни причини на поголем број вработени и за причините за престанок на потребата од работници. По оценка на овој суд, донесувањето на напред наведените акти, програма, одлуки за огласување на работници за технолошки вишок и донесувањето на одлуката за откажување на договорот за вработување на тужителот во ист ден е суштествена повреда на постапката предвидена со напред наведените законски одредби која пак има за последица поништување на одлуките кои се донесени во таквата постапка.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-665/11
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право