Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-2241/12

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 353.39 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање март 15, 2013
  • Последна промена август 15, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-2241/12

„Имајќи ги во вид напред наведените докази – Правилник за изменување и дополнување на правилникот за организациона поставеност и систематизација на работите и работните задачи на Државната лотарија на Македонија, Одлука за потребата од откажување на договори за вработување и престанок на работен однос на одреден број вработени со отказ поради внатрешни организациони промени во АД за приредување на игри на среќа, Државната лотарија на Македонија бр.02-964/1 од 29.03.2011 година, овој суд утврди дека постапката за откажување на договорот за вработување на тужителот од деловни причини била спроведена на начин и постапка согласно одредбите од ЗРО. Поаѓајќи од содржината на одредбата од чл. 94-а, ст. 3 од ЗРО, обврската за информирање и консултирање се однесува на трговско друштво, јавно претпријатие и друго правно лице што имаат над 50 работници и на установи што имаат над 20 работници, овој суд наоѓа дека тужениот е правно лице основано во форма на акционерско друштво во државна сопственост кое има вкупно 18 вработени и како такво нема законска обврска за информирање и консултирање на работниците, па како работниот однос поради деловни причини им престанал на тројца работници, меѓу кои и на тужителот, произлегува дека не се исполнети законски предвидените услови за спроведување на постапката за информирање и консултирање на работниците во смисла на горенаведениот член.

Исто така, од одредбата од чл. 95, ст. 1 од ЗРО, доколку работодавачот има намера да донесе одлука за престанок на работен однос на поголем број работници од деловни причини, односно на најмалку 20 работници за период од 90 дена при секој престанок на работен однос без оглед на вкупниот број на работниците кај работодавачот се смета за колективно отпуштање од деловни причини, овој суд најде дека во конкретниот случај, не се работи за колективно отпуштање на работниците, па доколку се има предвид дека одредбите од чл. 95 од ЗРО се преземени од Директивата 98/59 за апроксимација (приближување) на правата на државите-членки во поглед на колективното отпуштање во која е предвидено отпуштање на над 20% од работниците, произлегува дека кај тужениот само на тројца работници им престанал работниот однос поради деловни причини кои процентуално во однос на вкупниот број вработени се многу помалку од предвидените 20%.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-2208/12
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право