- Version
- Преземи 1
- Големина на фајлот 326.84 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање декември 14, 2011
- Последна промена август 15, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1112/11
„(...) тужениот бил должен да ѝ понуди на тужителката нов Договор за вработување, а по произнесувањето на тужителката да постапи согласно чл. 78 од ЗРО. Во случајов, со донесувањето на оспорената одлука се работи за еднострана изјава на волја на работодавецот без претходно добиена согласност и од тужителката како работник дали го прифаќа понудениот договор за друго работно место, а имајќи во предвид дека распоредувањето на тужителката не се однесува за привремено распоредување на работник. Според наведеното, иако оспоредната одлука е донесена по влегувањето во сила на ЗРО (Службен весник на РМ бр. 62/05), тужениот не постапил согласно чл. 78 од ЗРО, па одлуката за распоредување број 1297-1 од 31.08.2010 година, е незаконита и донесена во неправилно спроведена постапка од страна на тужениот, односно е донесена спротивно на наведениот член.
Во жалбата тужениот наведува дека првостепениот суд при одлучувањето не го имал во предвид чл. 3, ст. 2 од Договорот за вработување како дека во образложението на пресудата се повикал на чл. 30 од ЗРО, а пресудата ја засновал само на чл. 78 од ЗРО. Овој суд го ценеше ваквиот жалбен навод, но истиот го одби како неоснован од причина што во чл. 30, ст. 2 од ЗРО е предвидено дека во случаите определени со закон и колективен договор, работникот е должен да врши и друга работа која не е предвидена со договорот за вработување, ако е во рамките на степенот на стручна подготовка. Имајќи ја предвид содржината на наведената законска одредба произлегува дека доколку во случајот постоела потреба тужителката да извршува работа на работно место Советник за клиенти во експозитура на П. банка АД Скопје во Струмица, тужениот бил должен да донесе одлука со која покрај работата на работното место за коешто тужителката склучила договор за вработување со тужениот, ќе извршува и друга работа на наведеното работно место која не била предвидена со договорот за вработување, а не да носи одлука за распоредување како во конкретниот случај.”