- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 336.95 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање септември 4, 2013
- Последна промена август 15, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-550/13
„(...) точно е дека тужениот донел програма за пренос на вработените во А. АД Р., го утврдил бројот и структурата на вработените и ги известил и консултирал преставниците на синдикалната организација за ваквите промени, меѓутоа тужениот не постигнал договор, спогодба ниту пак друг правен акт за согласност од А. АД Р. како друштво преземач, ниту пак ова друштво има донесено одлука за преземање за да може ваквиот пренос на вработените да се смета за законит, па поради тоа во конкретната правна работа не може да се применат одредбите од чл. 68-а од ЗРО и да се изврши пренос и на правата и на обврските кои произлегуваат од работен однос. Според тоа, во услови кога тужениот не постигнал спогодба или договор за преземање правилно првостепениот суд одлучил кога го усвоил тужбеното барање на тужителите утврдувајќи при тоа дека работниот однос на тужителите незаконски им престанал, бидејќи тужениот морал да постапи во согласност со одредбите од ЗРО и во законито спроведена постапка за отказ од деловни причини да донесе одлуки за престанок на работниот однос со давање испратнина или, пак, да го примени чл. 96, ст. 1 од ЗРО и на тужителите да им понуди некоја од опциите превидени од овој член.
Според тоа, правилно првостепениот суд оценил дека со одлуките со кои на тужителите им е откажан договорот за вработување им се повредени правата од работниот однос што е спротивно на одредбите од ЗРО, па со тоа и правилно го применил материјалното право кога одлучил да го усвои тужбеното барање на тужителите поништувајќи ги како незаконити одлуката со број 02-03/1 и одлуката со број 02-03/12, двете од 09.01.2012 година, а согласно чл. 68, ст. 1 и 2 и чл. 68-а од ЗРО.”