Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1136/13

  • Version
  • Преземи 2
  • Големина на фајлот 301.95 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање декември 4, 2013
  • Последна промена август 15, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1136/13

„Имено, остварувањето на правото на пензијата не се бара од судот, туку постапка и утврдувањето на правото на пензија се бара и се води пред Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија. Тоа што тужителот се обратил до Министерот за одбрана и од него побарал да му донесе решение за престанок на работниот однос поради исполнување на услови за пензија, а по тоа негово барање не е донесена одлука, нема основ тужителот да бара од судот, судот да му наложи на Министерот да му донесе решение за престанок на работен однос поради исполнување на услови за пензија. Судот постапува по предметите од работни спорови за судска заштита на работникот само ако е повредено некое негово право од работен однос. За тоа повредено право мора да постои одлука на работодавачот па тужителот да ја оспорува таа одлука и ако судот утврди дека таквата одлука е незаконита, тогаш ќе му даде заштита на работникот, односно тоа право. Во случајот судот нема надлежност со судска одлука да наложува на работодавач на работникот да му даде решение за престанок на работен однос поради исполнување услови за пензија. Тоа што според чл. 220 од Законот за служба во Армијата на Република Македонија се предвидени условите кога на работникот му престанува работниот однос, односно дека на работникот може да му престане работниот однос е само право предвидено со закон и ако работодавачот по службена должност оцени дека некој работник ги исполнува условите за престанок на работен однос поради остварување на правото на пензија според овој закон тогаш ќе му донесе такво решение, па врз основа на тоа решение на работникот ќе му престане работниот однос и ќе го остварува правото на пензија пред Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, а од друга страна ако е незадоволен од таквото решение тогаш може да поднесе тужба и да бара судска заштита. Во случајот со оглед да работодавачот нема донесено одлука според Законот за работни односи работникот има право да се обрати до Инспекторот за труд и да бара од инспекцијата да изврши надзор-увид во работата кај работодавачот и ако инспекторот утврди дека работодавачот има направено повреда, односно не му носи одлука на работникот за ова негово барање инспекторот има право да донесе решение или записник за утврдена состојба, па врз основа на таа негова одлука дали тоа ќе биде решение за казнување или записник за утврдена состојба може работникот да биде одјавен од фондовите и Агенцијата за вработување тогаш ќе му престане работниот однос, а врз основа на тоа ќе може да поднесе документација пред Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за остварување на правото на пензија. Бидејќи во конкретниот случај не е постапено вака судот смета дека нема правен основ да се усвои поставеното тужбено барање на тужителот со оваа тужба. Одредби за инспекциски надзор предвидени се во главата 25 од ЗРО. Во случајот, тужителот не бара да му престане работниот однос по негово барање, туку бара работодавачот да му донесе решение за престанок на работниот однос поради исполнување на услови за пензија, но според ЗРО, нема надлежност судот да го присилува работодавачот да донесе такво решение.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1083/13
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право