Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1151/13

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 356.93 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јуни 11, 2014
  • Последна промена август 15, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1151/13

„(...) за да стане збор за неовластено соопштување на деловна тајна е потребно најпрвин тужениот во посебен акт да има определено кои факти, исправи, податоци, документи, претставуваат деловна тајна. Во конкретниот случај според Правилникот за деловна и професионална тајна на тужениот, не е утврдено што претставува деловна тајна, односно кои факти, исправи, податоци, документи, се прогласени за деловна тајна. Во случајот исто така не е утврдено конкретно кои податоци се изнесени или кои зборови се употребени и дека тоа е сторено од тужителката, односно нема доказ дека мутираниот глас на вестите во ТВ (...) е гласот на тужителката.

Исто така, имајќи предвид дека се работи за откажување на договорот за вработување, согласно одредбите од чл. 72 и 74 од ЗРО, кога работодавачот го откажува договорот за вработување во својата одлука е должен да го наведе основот за откажување на договорот за вработување и во истата да го образложи откажувањето на договорот за вработување, односно да наведе на кој начин, со кои дејствија, во кој временски период и слично работникот сторил повреда на работниот ред и дисциплина.

Според тоа, во услови кога во оспореното решение бр.0402-1414 од 24.12.2010 година не е наведено конкретно во што се состои прекршувањето на работниот ред и дисциплина, ниту која деловна, службена или професионална тајна тужителката ја соопштила неовластено, како и во што се состои пречекорувањето и злоупотребата на дадените овластувања, овој суд утврди дека одлуката за отказ на договорот за вработување на тужителката е незаконита (...).”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1219/13
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право