- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 356.74 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јуни 22, 2010
- Последна промена август 15, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1744/09
„Со оглед да тужениот на 28 декември 2006 година што значи кога ја отпочнaл постапката за структурални промени и кога ја укинал подружницата во Велес, а истовремено носејќи го правилникот за систематизација отворил нова подружница во Виница за која предвидел едно работно место помошен референт со средна стручна спрема, би требало на ова работно место да го распореди тужителот или, пак, да спроведе постапка за бодирање со други работници со иста стручна спрема по другите укинати подружници кого ќе распореди во Виница. Тужителот е вработен кај тужениот како јавно претпријатие така да подружницата не значи дека таа е работодавач. Тужителот е вработен во јавното претпријатие со седиште во Скопје, а само работата ја врши во Велес и при укинување на подружницата треба тужениот како јавно претпријатие да го распореди тужителот во смисла на чл. 76, ст. 1, 2, точ. 3 од ЗРО од 2005 година со оглед да имал можност тоа да го направи и требал да му понуди склучување на нов променет договор.
Што се однесува до тужбеното барање на тужителката Т., нејзиното тужбено барање е неосновано затоа што при отворањето на новите подружници не било предвидено работно место со виша стручна спрема така да поради укинувањето на подружницата и работното место основано ѝ престанал работниот однос бидејќи постапката за престанок на работен однос од деловни причини е спроведена согласно ЗРО.
Судот ги ценеше околностите дека на тужителите им бил изречен престанок во време кога биле на одмор и на боледување, меѓутоа тоа не е од влијание за спроведување на постапката за престанок на работнот однос од деловни причини.
Наводот дека подружницата во Велес постоела се до 29.05.2007 година што значи во времето на престанокот на работниот однос таа постоела, не била укината, е неоснован затоа што со Одлука на тужениот подружницата е укината, тужениот направил нова систематизација, донел програма за спроведување на постапка, нов правилник, а тоа што покасно била бришана подружницата во Централниот регистар, тоа е само дата на бришење.
Наводот дека иако била укината подружницата и работните места на тужителите, тужениот истовремено примил друг работник – лицето Б. Р. е неоснован затоа што ова лице било примено на работа од 1.01.2009 година во Свети Николе во ново отворената подружница што значи после протекот на една година бидејќи решението за престанок на работен однос е донесено на 22.01.2007 година.”