- Version
- Преземи 4
- Големина на фајлот 79.01 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање април 10, 2017
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Штип РОЖ 152/17
„Имено, работниците кои штрајкувале меѓу кои и тужителот редовно доаѓале на работа секое утро во 7 часот и се задржувале до 10,30 или 11 часот, а потоа сите вработени го напуштале стопанскиот двор на тужениот каде што биле должни да се јавуват на работа. Ваквиот штрајк траел три дена и тоа на 18, 19 и 20 јули2016 год., а кога работниците учесници во штрајкот меѓу кои и тужителот се договориле со тужениот да и се исплати една плата иако барале две, тужениот им исплатил една и почнале да работат, а времето спроведено во штрајк им било исплатено целосно преку еведентирање на денови од годишен одмор. Тужениот сметал дека тужителот во деновите 18,19 и 20 јули 2016 год. неоправдано изостанал од работа три последователни работни дена поради што и пред истекот на истите на ден 20.07.2016 год. донел Одлука за откажување на договорот за вработување без отказен рок на тужителот поради неоправдано изостанување од работа три последователни дена, заведена под број ... од 20.07.2016 год. и со која одлука на тужителот му престанува работниот однос заклучно со 20.07.2016 год. „... првостепениот суд правилно утврдил дека околу 30-тина вработени кај тужениот меѓу кои и тужителот во деновите 18, 19 и 20 јули 2016 година започнале штрајк против тужениот, поради неисплатени 2-3 плати и неплатено здравствено осигурување и овој штрајк траел само овие три дена а подоцна кога работниците учесници во штрајкот меѓу кои и тужителот се договориле со тужениот да и се исплати една плата почнале да работат, а времето спроведено во штрајк им било исплатено целосно преку еведентирање на денови од годишен одмор. Тужениот пред истекот три дена на ден 20.07.2016 год. донел Одлука за откажување на договорот за вработување без отказен рок на тужителот поради неоправдано изостанување од работа три последователни дена.... Првостепениот суд правилно утврдил дека не се исполнети условите за отказ на договорот за вработување.“