- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 515.05 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 10, 2019
- Последна промена ноември 5, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.49/2019
„Судот при одлучувањето ги ценеше наводите во ревизијата на тужителката дека второстепениот суд недоволно ги објаснил причините за преиначување на одлуката, но смета дека ваквите наводи се неосновани. Второстепениот суд имајќи ја предвид одредбата од член 101 став 3 од Законот за работните односи, а согласно утврденото дека престанокот на работниот однос е поради протек на времето за кое е склучен договорот за вработување на определено време, правилно прифатил дека во конкретниот случај нема повреда на право на тужителката со нееднаков третман по основ на личен статус, семејна и брачна состојба, односно бременост, како што побарува тужителката со предметното тужбено барање, поради што и ја преиначил првостепената одлука и истото го одбил како неосновано.
Без влијание за поинакво одлучување е и наводот во ревизијата дека по отвoрањето на боледувањето тужениот знаел дека тужителката ќе биде отсутна и поради тоа на тужителката ѝ дал негативна оценка и не е склучен нов договор.
Во конкретниот случај оценката не е од значење по однос на престанокот, од причина што работниот однос бил заснован на определено време, поради што меродавна причина за престанокот е истекот на времето за кое е склучен договорот за вработување на определено време. Продолжувањето на вработувањето, односно склучувањето на нов договор на определено време по истекот на времето за кое е склучен договорот, не е задолжително за работодавачот и тоа е во зависност од волјата на работодавачот и работникот за склучување на нов договор за вработување.”