- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 359.36 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање мај 16, 2018
- Последна промена ноември 6, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.60/2017
„(...) по наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија правилно судовите го примениле материјалното право кога го одбиле како неосновано тужбеното барање на тужителот. Судовите утврдиле дека оспореното решение е правилно и законито донесено и не настапила застареност за поведување на дисциплинската постапка.
Ова од причина што предлогот за покренување на постапката од 02.07.2015 година, на кој се повикал тужителот како нов предлог и основ за настапување на застареност за водење на дисциплинска постапка, не е нов предлог со кој се поведува дисциплинска постапка, туку изрично е наведено дека е дополнување на веќе поднесената пријава од 25.02.2015 година, а ваквиот предлог е доставен согласно напатствијата на второстепената комисија. Поради вака утврденото, а имајќи ги предвид и одредбите од член 58 став 5 од Законот за извршување на санкции, правилно судовите прифатиле дека предлогот за поведување на дисциплинска постапка не е поднесен по протекот од 3 месеци од дознавањето за повредата што му се става на товар на тужителот, туку во законскиот рок. По наоѓање на овој суд тужениот го запазил како субјективниот рок од 3 месеци, така и објективниот рок од 6 месеци, ако се има во предвид дека побиваното решение е донесено на 16.07.2015 година, а повредата била сторена на 24.02.2015 година.
Судот при одлучувањето ги ценеше наводите во ревизијата дека предлогот од 02.07.2015 година е нов предлог кој нема никаква врска со предлогот од 25.02.2015 година, и насловот е предлог за покренување на дисциплинска постапка против тужителот, дека согласно Законот за извршување на санкции, настапила застареност за водење на дисциплинската постапка, но од погоре наведените причини ги одби како неосновани.
Неосновани се и наводите во ревизијата дека судот не утврдил дали настапиле штетни последици за тужениот, дека во конкретниот случај тужителот не сторил никаква повреда на лично право на тужениот. Во случајот штетните последици за тужениот се во нарушување на угледот на установата и припадниците на Секторот за обезбедување, а со оглед да тужителот со своите дејствија сторил повреда на работниот ред и дисциплина, основано е изречен престанок на работниот однос.”