Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.69/2015

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 281.53 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање март 17, 2016
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.69/2015

„(...) и по наоѓањето на Врховниот суд на Република Македонија, правилно пониските судови го примениле материјалното право кога ги усвоиле тужбените барања на тужителите, и ги поништиле како незаконити оспорените одлуки за откажување на договорите за вработување од деловни причини и го задолжиле тужениот да ги врати тужителите на работа и да ги распореди на работи и работни задачи кои одговараат на нивната стручна спрема.

Имено, при постоење на утврден факт дека тужениот постапувајќи по пресудата РОЖ.бр.944/10 од 18.05.2011 година ги повикал тужителите да се јават на работа за што изготвил одлуки за засновање на работен однос на неопределено време без да наведе на кое работно место ги враќа тужителите, како и фактот дека тужителите не биле распоредени на конкретни работни места, а притоа било извршено бодирање, според наоѓањето на Врховниот суд на Република Македонија правилно пониските судови ги поништиле како незаконити одлуките за откажување на договорите за вработување на тужителите како и одлуките на тужениот со кои е одбиен приговорот на тужителите, наоѓајќи дека бодирањето било несоодветно.

Истакнатите ревизиски наводи во ревизијата по однос на тоа дека тужителите биле распоредени на соодветни работни места, бидејќи со дописите од 11.05.2012 година биле известени дека решенијата за распоредување на работни места од 1992 година и 1995 година биле во сила, не беа предмет на оцена од страна на Врховниот суд на Република Македонија, бидејќи се однесуваат на погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба, по кој основ ревизија не може да се изјави согласно член 375 став 3 од Законот за парничната постапка.”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.53/2015
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право