Пресуда на Основен суд Тетово РО. бр. 42/2013

  • Version
  • Преземи 13
  • Големина на фајлот 150.63 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јули 3, 2013
  • Последна промена ноември 1, 2021

Пресуда на Основен суд Тетово РО. бр. 42/2013

"Согласно чл. 12 од ЗРО останатите позитивни прописи од оваа област и препораката 166 на МОТ за престанок на работен однос по иницијатива на работодавач каде во дел мерила за избор на отпуштање да се врши по мерила кои ке се утврдат однапред и да се води сметка за интересите на двете страни.

Во конкретниот случај од сите изведени докази се утврди дека тужениот нема постапено согласно горенаведените законски одредби и тоа особено при спроведување на постапката односно од моментот на донесување на програмата за рационализација на работењето и потребата за престанок на работен однос од деловни причини предметните 7 работни места за кои имало потреба од престанок од вработување не се дефинирани објаснати ниту опфатени поединечно за која организациона единица кај тужениот истите се однесуваат, од друга страна во известувањето испратено до Синдикалната организација на тужениот за прв пат се спомнуваат таквите работни места но повторно не се определени организационите единици за кои тие се однесуваат и во таквото известување не се наведени критериумите и мерилата ниту пак е регулирана одредбата од чл. 96 од ЗРО, а крајно со одлуката за утврдување на мерила, критериуми и методологија, не се запазени правата на работниците во смисла на директна и индиректна дискриминација наведени во чл. 6 и чл. 7 од ЗРО односно со таквото постапување судот смета дека постои одземање и ограничување на правата од работен однос во смисла на чл. 12 ст. 4 вв ст. 1 од ЗРО, а од страна на тужениот во оваа постапка истиот во смисла на чл. 11 ст. 1 од ЗРО не го докажа непостоењето на таквата дискриминација"

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-698/13
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право