- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 390.38 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јануари 9, 2017
- Последна промена декември 28, 2022
Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-295/16
(...) „Согласно членот 98 од Законот за парничната постапка, предвидено е дека тужбата, одговорот на тужбата, правните лекови и другите изјави предлози и соопштенија што се даваат надвор од расправата се поднесуваат писмено или по електронски пат до приемното одделение на надлежниот суд (поднесоци). Во став 3 од чл.98 е предвидено дека поднесоците мораат да бидат разбирливи и мораат да го содржат сето она што е потребно за да може да се постапи по нив, особено податоци кои се користат за идентификација на страните. Додека пак членот 101 утврдува дека поднесоците кои се поднесени од полномошник, а кои се неразбирливи и не ги содржат податоците од член 98 став 3,4,5 и 8 на овој закон или не се поднесени во доволен број примероци кога тие се поднесени во писмена форма судот ќе ги отфрли. Па оттука, доколку некоја од страните не достави прилози за податоци за другата страна или пак за себе, а особено се работи за поведен судски спор заради отказ од работодавачот, тогаш судот ќе ја отфрли тужбата како недоуредена.”