- Version
- Преземи 1
- Големина на фајлот 420.99 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање април 3, 2017
- Последна промена јануари 19, 2023
Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-239/17
(...) „Спорно во овој случај е дали е исполнет условот за трансформација на работниот однос од определено на неопределено време предвиден во одредбата од член 46 став 4 од ЗРО, каде е уредено дека работникот треба да работи на работно место кое е ослободено по основ на пензионирање или други основи. Во конкретниот случај од доказите не произлегувало дека работното место на кое работи тужителката е ослободено по основ на пензионирање или по некој друг основ. Иако во образложението на пресудата, првостепениот суд заклучил дека, работното место на кое работи тужителката е ослободено по законски оправдан основ, но за истиот не утврдил кој е тој основ и не е утврдено по кој наставен предмет е ослободено работното место, со оглед на фактот дека тужителката предавала повеќе предмети и тоа математика, информатика и техничко образование и дали по тој наставен предмет предава повеќе од две години со половина од полниот фонд на часови. Сите овие услови треба да бидат исполнети за да може да се трансформира работниот однос од определено на неопределено време согласно член 46 став 4 од ЗРО.”