- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 411.63 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање мај 3, 2017
- Последна промена јануари 21, 2023
Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-310/17
(...) „Согласно член 188 став 1 точка 7 од Законот за служба во армијата на РМ, воениот и цивилниот персонал има право на надоместоци за трошоци за превоз. Согласно став 3 од истиот член, начинот за исплата и висината на надоместоците од став 1 на овој член ги уредува Министерот за одбрана. Во член 7 од Правилникот кај работодавачот е предвидено дека заради утврдување на правото на надоместок на трошоци за превоз од местото на живеење до работното место, треба помеѓу другото да се поднесе и барање од работникот за остварување на правото на надоместок на трошоци за превоз.
Согласно член 9 од Правилникот, решение за трошоци за превоз донесува Командантот на самостојниот батаљон, нему рамен или повисок старешина. Работникот поднел такво барање до тужениот , меѓутоа барањето му било одбиено како неосновано, па во случајот се поставува прашањето, дали на тужителот би му следувале вакви трошоци за превоз кога Правилникот на работодавачот предвидел дека прво на тужителот треба да му се утврди правото на надоместок на трошоци за превоз, а потоа да бара исплата.”