Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-482/17

  • Version
  • Преземи 8
  • Големина на фајлот 376.34 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 1, 2017
  • Последна промена декември 28, 2022

Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-482/17

(...) „Во член 82 од Законот за работни односи е предвидено дека работодавачот може на работникот да му го откаже договорот за вработување без отказен рок во случаите на кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски и во случај кога неоправдано изостане од работа 3 последователни работни дена или пет работни дена во текот на една година. По добиената пресуда за незаконит отказ на работниот однос, работникот добил известување според кое требало да се јави на работа во рок од 3 дена сметано од приемот на известувањето или да врати потпишан нов договор за вработување во рок од 15 дена по приемот на известувањето. Работодавачот пресметувајќи ги лошо деновите, повторно донел незаконит отказ на договорот за вработување од причина што доколку крајниот рок е неработен ден - недела, па кога последниот рок паѓа во неработен ден, рокот истекува со истекот на првиот нареден работен ден, а денот кога го примил известувањето на се смета во рокот од три дена. Бидејќи работникот се појавил на работа на 3 ден и бил спречен да влезе во работните простории од причина што неговиот договор бил откажан, ваквата одлука на работодавачот ќе се смета за незаконита.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-655/16
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право