- Version
- Преземи 3
- Големина на фајлот 621.32 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање септември 11, 2018
- Последна промена декември 28, 2022
Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-587/18
(...) „Еден од начините за престанок на договорот завраборување е потпишување на спогодба за прекин на работниот однос која е потпишана од двете странки. Против ваквата спогодба, работникот нема право да поднесе приговор, а работодавачот уште помалку да одлучува по приговорот и да донесе одлука со која спогодбата се поништува. Спогодбата е потпишана од двете странки, а воедно е израз на волјата на двете странки. Како таква единствен начин за нејзино раскинување е доколку двете странки се согласат истата да се раскине. Работникот доколку смета дека потпишаната спогода е спротивна на закон или истата ја потпишал под присилба, измама или заблуда може само со тужба да бара истата да се поништи или да се утврди ништовност во зависност од тоа што бара со тужбата. Работодавачот не може еднострано да донесе одлука со која се поништува склучената спогодба согласно член 69 од Законот за работни односи.”