- Version
- Преземи 8
- Големина на фајлот 511.58 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање декември 17, 2019
- Последна промена декември 27, 2022
Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-595/19
(...) „Во конкретниот случај станува збор за реграсна одговорност и во такви случаи не станува збор за однос меѓу оштетениот и штетникот, туку само за однос меѓу лицето кое врз основа на одговорност за друг му ја надоместило штетета на оштетениот, па законот му дава право под одредени услови да се регресира од штетникот. Најчесто правото на регрес се врзува за намерното постапување или постапување со крајно невнимание на штетникот при причинување на штетата. Согласно член 145 од Законот за облигациони односи, вина постои кога штетникот причинил штета со намера или со невнимание крајно обично и друг степен на невнимание предвиден со закон. Ако штетата е причинета со намера или крајно невнимание оштетениот треба да го докаже нивното постоење. За крајно невнимание станува збор тогаш кога штетникот со своето постапување го занемарил таквото внимание што може и мора да се очекува од човек со просечни способности. Неспорно е дека е утврдена висината на штетата во друга постапка меѓутоа во оваа постапка на работодавачот, за да го оствари правото на регрес треба да докаже дека работникот во случајот постапувала со крајно невнимание.”