- Version
- Преземи 4
- Големина на фајлот 399.10 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање декември 5, 2017
- Последна промена јануари 21, 2023
Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-814/17
(...) „Од одредбата од член 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија произлегува дека бруто платата ја сочинуваат нето платата, пресметаниот данок од плата, задолжителните социјални придонеси, трошоците поврзани со работа по основа на исхрана за време на работа и превоз до и од работа значи дека на работникот му се исплаќа плата откако ќе бидат платени соодветните даноци и социјални придонеси. Оттука, се смета дека износот што работодавачот требал да му го плати на работникот на име задршка за трошоци за превоз до и од работа не можел да се определува како задршка од бруто плата.”