Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-846/18

  • Version
  • Преземи 6
  • Големина на фајлот 436.10 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање февруари 7, 2019
  • Последна промена декември 27, 2022

Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-846/18

(...) „Во член 32 од Законот за култура е предвидено дека директор на Национална установа може да биде разрешен и пред истекот на мандатот за кој што е избран, помеѓу другото и ако не работи во согласност со закон и статут и во други случаи предвидени со закон. Во член 35 од Законот за култура, предвидено е дека Управниот одбор на Националната установа дава образложен предлог на Министерот за култура за разрешување на директорот.  Во конкрениот случај, нема образложен предлог од Управниот одбор на Националната установа, за разрешување на директорот.

Работникот е разрешен од функцијата директор на Националната установа заради тоа што истиот не работел во согласност со закон и статут и во други случаи предвидени со закон. Меѓутоа во ова решение не се дадени никакви причини во кои случаи директорот не работел во согласност со законот и статутот на установата и кои одредби од Законот за култура ги повредил.  Неспорен факт е дека директорот има низа надлежности кои произлегуваат од Законот за култура, па за начинот на неговото работење извршен е вонреден инспекциски надзор од инспектори на Министерството за култура. При овој надзор, констатирано е дека директорот не го усогласил работењето во Центарот согласно со закон и статут.  Второстепениот суд е на мислење дека пред да биде донесена одлука за разрешување на Во член 78 од Законот за административните службеници, дисциплинска постапка не може да се поведе ако поминал еден месец од денот кога непосредно раководниот административен службеник односно секретарот во институцијата дознал за повредата на службената должност. Во став 2 од истиот член е наведено дека, дисциплинска постапка не може да се поведе ако поминале 3 месеци од денот кога е сторена повредата освен кога дисциплинската постапка се поведува по наод на внатрешната ревизија за што рокот за застареност е една година. Првостепениот суд треба да утврди кога се сторени повредите и кога непосредно раководниот административен службеник сознал за сторените повреди и притоа да го има предвид фактот дека овие рокови се преклузивни и на нив судот внимава по службена должност, што значи дека треба да бидат запазени и субјективниот и објективниот рок. Доколку делото е застарено, тогаш донесеното решение за изрекување на дисциплинска мерка е незаконско.”

Претходно Решение на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.97/2018
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право