- Version
- Преземи 2
- Големина на фајлот 398.44 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање март 1, 2018
- Последна промена декември 27, 2022
Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-945/17
(...) „Во конкретниот случај неспорен факт е дека на судскиот службеник за сторена потешка повреда на работната дисциплина е изречена парична казна со решение. Во членот 93 од Законот за судска служба, предвидено е дека потешка дисциплинска повреда претставува потешка повреда на службената должност работната дисциплина угледот на судот или угледот на судскиот службеник. Како потешка повреда на работната дисциплина санкционирани се и случаите кога судскиот службеник го злоупотреби својот статус и ако се однесува спротивно на одредбите на Кодексот за судски службеници. Во член 5 од Кодексот на етика на вработените во судската служба предвидени се одредби за заштита на податоци и дискреција при што е определено дека вработениот во судската служба со податоците кои ги добил при вршење на своите работи и работни задачи треба да постапува согласно законските прописи обезбедувајќи при тоа соодветна трајност и заштита на истите. Во член 6 став 7 од истиот Кодексот предвидено е дека вработениот во судската служба за себе или за друг не бара и не прима подароци, услуги, помош или каква била друга корист која би можела да има влијание или да се чини дека ќе има влијание на неговото постапување со што би се довел во прашање неговиот професионален пристап кон работата и работните задачи кои ги извршува. Неспорно е дека во телефонскиот разговор со Претседателот на Основен суд Ресен истата се претставила како вработена во Основен суд во Охрид меѓутоа со таквото претставување дали го злоупотребила статусот на судски службеник и дали се однесувала спротивно на одредбите од Кодексот за судските службеници, второстепениот суд остава првостепениот суд повторно да одлучи притоа да ги вклучи сите релевантни факти поврзани со самиот предмет на кој му укажал.”