Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-998/17

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 367.35 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање февруари 13, 2018
  • Последна промена декември 27, 2022

Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-998/17

(...) „Согласно член 208 од Законот за здравствена заштита, здравствениот работник, односно здравствениот соработник на кој со решение на здравствената установа му е повредено правото од работен однос, има право на жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, преку здравствената установа која го донела првостепеното решение. Здравствената установа е должна жалбата, со придружните списи, да ја достави до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, во рок од осум дена од денот на приемот на жалбата. По поднесената жалба, Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен донесува одлука во рок од 15 дена од денот на приемот на жалбата. Оттука, произлегува дека здравствениот работник пред овој законски предвиден рок не може да поднесе тужба пред Основните судови заради заштита на своите работнички права.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-977/17
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право