- Version
- Преземи 2
- Големина на фајлот 517.54 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јануари 18, 2017
- Последна промена декември 29, 2022
Решение на Апелационен суд Скопје РОЖ-12/17
(...) „Со решение на работникот му била изречена парична казна поради кршење на работната дисциплина затоа што истиот за време на боледување присуствувал на политичка трибина на кој начин работодавачот сметал дека работникот извршил злоупотреба на боледување чија повреда е предвидена со Закон. Работодавачот пред да го донесе ова решение, била поведена судска постапка која има правна завршница, водел дисциплинска постапка затоа што како работодавец ценел дека работникот извршил злоупотреба на боледување. Водењето на дисциплинска постапка е право на работодавачот утврдено со Закон во услови кога ќе оцени дека некој од своите вработени сторил повреда на работнитот ред и дисциплина, како што и постапил во однос на Според мислењето на второстепениот суд, не може со сигурност да се утврди по која дискриминаторска основа е одлучувано во конкретниот спор. Со оглед на тоа што во петитумот на тужбата, како и во изреката на обжалената пресуда се утврдува повреда на правото на еднаков третман оневозможувајќи го правото на еднаков пристап до вработување врз основа на пол и семеен статус, додека во образложението се наведува дека се работи за индиректна дискриминација по основ на бременост и за која не е потребна компарација односно не е потребен компаратор т.е. дека дискриминацијата се заснова на самиот факт дека личноста е бремена и не е потребно компаратор. По наоѓање на второстепениот суд, дискриминаторските основи содржани во изреката на пресудата и тоа -по пол и семеен статус, се различни дискриминаторски основи од наведените во образложението на пресудата и тоа - личен статус и брачна состојба односно бременост, дискриминирање на жени кои се во репродуктивен период. За секоја основа се утврдуваат различни факти од кои може да се претпостави дека постоела или не постоела дискриминација по тие основи. Ова од причина што, доколку се работи за дискриминаторска основа на повреда на правото на еднаков третман оневозможувајќи го правото на еднаков пристап до вработување врз основа на пол и семеен статус потребно е да се утврди дали работодавачот, тужениот сторил индиректна дискриминација со донесување очигледно неутрални одредби, критериуми или со преземање определени практики, ја ставил работничката во неповолна положба во споредба со другите лица (компаратори) односно потребно е со сигурност да се утврди дека работодавачот со конкретно дејство ја ставил работничката в о неповолна положба во споредба со други лица, истата имала понеповолен третман односно била исклучена да користи одредено право. Од друга страна за второстепениот суд не е јасно од каде произлегува заклучокот на првостепениот суд дека кај работодавачот постоела намера да се дискриминира работничката поради нејзиниот личен статус и брачна состојба односно бременост и дека доколку истата не била бремена, работодавачот ќе склучел договор за вработување односно ќе го продолжел договорот за вработување и таа сеуште ќе била во работен однос. Кога согласно со законските одредби од ЗРО договорот за вработување склучен на определено време престанува да важи со изминување на времето за кое што бил склучен, што значи дека на работничката ќе и престанел работниот однос по сила на закон односно по истекот на нејзиниот договор за вработување на определно време за кое што бил склучен. Дали истиот ќе биде продолжен или не, зависи од волјата на двете договорени страни односно како од страната на работодавачот, така и од страна на работникот.”