Решение на Апелационен суд Скопје РОЖ-1813/18

  • Version
  • Преземи 46
  • Големина на фајлот 363.44 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање март 5, 2020
  • Последна промена декември 29, 2022

Решение на Апелационен суд Скопје РОЖ-1813/18

(...) „Врз основа на утврдената фактичка состојба, првостепениот суд го усвоил тужбеното барање на работодавачот задолжувајќи го работникот да му плати на работодавачот на име надомест на штета од конкурентска клаузула, со образложение дека без оглед на фактот што работниот однос на работникот престанал со Спогодба за престанок на работниот однос, работникот имал обврска да не ја прекрши обврската преземена со конкурентската клаузула, од причина што, двострано изразената волја на двете договорни страни се однесува на престанокот на работниот однос, а не и на забраната за конкурентско дејствување која не претставува право од работен однос, туку обврска на која работникот се обврзал, а која во смисла на член 39 став 1 од ЗРО може да престане исклучиво со изрична согласност на двете страни. Па, иако во спогодбата за престанок на работниот однос на работникот, договорните страни се согласиле да престанат сите права и обврски од работниот однос, тоа не се однесува на конкурентската клаузула, односно истата и понатака продолжила да го обврзува работникот. Според тоа, второстепениот суд најде дека првостепениот суд не дал доволно прифатливи и образложени причини во пресудата на што основано се укажува во жалбата на работникот, поради што не може да дојде ни до правилна примена на материјалното право. Имено, не е јасно како првостепениот суд одлучил да го задолжил работникот да му ја надомести штетата на работодавачот согласно чл.14 од Договорот за вработување каде е наведено дека без согласност на работодавачот, работникот не смее да склучува работи во рамките на дејноста на работодавачот, за сопствена или туѓа сметка, ниту да се јави како содружник, акционер, партнер или основач на фирма со слична или иста дејност како рабтодавачот, односно да се вработи кај друг работодавач со иста или слична дејност како рабтодавачот и оваа конкурентска клаузула да се применува и најмалку две години по престанокот на работниот однос по било кој основ, а доколку работникот постапи спротивно на забраната, работодавачот може да му изрече мерка престанок на работниот однос и има право да бара надомест на штета. Во оваа смисла не е јасно дали судот прифатил дека е исполнета законската претпоставка за конкурентската клаузула или пак прифатил дека е исполнета договорната обврска во цитираниот договор за вработување.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-450/20
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право