- Version
- Преземи 5
- Големина на фајлот 493.22 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање април 9, 2019
- Последна промена јануари 21, 2023
Решение на Апелационен суд Скопје РОЖ-1231/18
(...) „Првостепениот суд врз основа на изведените докази во текот на постапката утврдил дека работникот бил вработен кај работодавачот со Решение за распоредување на државен службеник. Работникот до Комисијата за заштита од дискриминација поднел претставка, во врска со настан кој се случил во 2012 година во работните простории на работодавачот. Комисијата за заштита од дискриминација до раководителот на работникот доставил барање за изјаснување по поднесената претставка. Во изјаснувањето е наведенпо дека во однос на делот од преставката кој се однесува на етничката припадност и јазикот, односно дека пред неколку години додека таа била раководител на наводно му забранила на работникот да комуницира со друг вработениот во секторот на својот мајчин јазик, се изнесени многу невистини во однос на немилиот случај кој се случил по негова вина во службените простории на работодавачот. Имено, избила кавга помеѓу вработена во Сектор за финансиски прашања во нејзината канцеларија каде именуваниот вербално ја нападнал. Вработената во Сектор за финансиски прашања, целосно вознемирена и растревожена, влегла во нејзината канцеларија и ја поднела преставката против работникот со цел раководителот да интервенира. Како што вработената тогаш и објаснила кога таа реагирала на тоа да работниците во Секторот за финансиски прашања со кого таа тогаш ја делела канцеларијата, почнале да зборуваат на јазикот кој таа не го разбира со индикации дека можеби зборувале нешто против неа, работникот вербално ја нападнал и почнал највулгарно со навреди да се расправа со работничката. Поради тоа, таа како раководител била должна да интервенира и влегла во просторијата во која се случил немилиот настан, најљубезно им се обратила да престанат со расправиите и на работниците им препорачала во комуникацијата во службените простории на Општината во работно време да ги почитуваат законските прописи, односно да ја вршат комуникацијата на официјален македонски службен јазик како што е пропишано со законските прописи за употреба на јазиците. Комисијата за заштита од дискриминација донела Мислење според кое не се утврдени елементи на дискриминација во случајот. Работникот до Комисијата за заштита од дискриминација, а во врска со споменатиот настан повторно поднел Претставка, со која известила дека Општината има предизикано дискриминација по повеќе основи помеѓу кои и за етничка припадност и јазик, и бара изјаснување од страна на Општина. Општина донела Мислење од кое се утврдуваат елементи на дискриминација во еден дел од претставката на работникот. Поради тоа, Комисијата дала препорака Општина нда ја отстрани повредата на правото на работникот во рок од 30 дена од денот на приемот на препораката при што за тоа треба да ја извести Комисијата за заштита од дискриминација. Градоначалникот на Општината до Комисијата за заштита од дискриминација доставил известување кое ја известил Комисијата дека во Општина никогаш не било и не е забрането во неформална односно неслужбена комуникација со вработените да се користи мајчиниот јазик. Имено, првостепениот суд прифаќа дека при состојба кога работникот и сведокот, неговиот колега, во канцеларијата каде била сместена и нивната колешка, меѓусебно комуницирале на нивниот мајчин албански јазик. При тоа работничката не стапила во комуникација со истите кога влегле во канцеларијата за да праша од која причина колегата и работникот го внесуваат инвентарот, туку истата во врска со оваа околност се обратила укажувајќи им на истите дека во комуникација во службените простории на Општина во работно време треба да ги почитуваат законските прописи, односно да ја вршат комуникацијата на официјален македонски службен јазик. Ваквото однесување, согласно мислењето на првотепениот суд, содржи елементи на дискриминација по основ на јазик и националност, што било утврдено и од страна на Комисијата за заштита од дискриминација во нејзиното мислење. Имено, Комисијата дала препорака на Општина да ја отстрани повредата на правото на работникот во рок од 30 дена од денот на приемот на препораката и за тоа да ја извести Комисијата за заштита од дискриминација по која препорака работодавачот не постапил. Меѓутоа, по наоѓање на второстепениот суд не е јасно од кои докази првостепениот суд утврдил дека тужениот сторил дискриминација по основ на јазик и етничка припадност, затоа што на работникот и неговиот колега, од страна на раководителот на секторот им било укажано дека истите во комуникација во службените простории на Општината во работно време треба да ги почитуваат законските прописи, односно да ја вршат комуникацијата на официјален македонски службен јазик, бидејќи службен јазик во Општината е македонскиот јазик и неговото кирилично писмо.”