Решение на Апелационен суд Скопје РОЖ-50/14

  • Version
  • Преземи 17
  • Големина на фајлот 337.24 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање февруари 12, 2014
  • Последна промена декември 29, 2022

Решение на Апелационен суд Скопје РОЖ-50/14

(...) „Првостепениот суд во фактичка состојба наведува дека во конкретниот случај тужената постапила спротивно на Законот за работни односи и конкурентската клаузула од Договорот за вработување со што му причинила штета на тужителот по основ на конкурентска клаузула врз основа на што произлегува обврска за надомест на штетата на тужителот. По наоѓање на второстепениот суд, првостепениот суд при оценка на изведените докази и утврдувањето на фактичката состојба не ги имал во предвид сите одредби од Законот за работни односи кои се однесуваат на конкурентската забрана, надоместокот за почитување на конкурентската клаузула и престанување на конкурентската клаузула. Имено, видно од договорот за работа, во членот 4 работодавачот предвидел почитување на принципот на забрана на конкуренција (конкурентска клаузула), за период од 60 дена по престанувањето на договорот по негова волја или вина. Исто така предвидел, во случај на прекршување на оваа одредба, работникот се сложува работодавачот да му ја надомести реално претрпената штета, во износ од 2 месечни бруто плати на работникот. Меѓутоа ваквата клаузула е само општа рамка и не претставува основ за работодавачот да бара надомест на штета од работничката само поради тоа што по престанувањето на работниот однос кај него склучила нов договор за вработување до друг работодавач. Во случајот не е утврдено кои се работните задачи на работничката согласно описот и пописот на работни здачи за работното место на кое била вработена, но и на кој начин истата се здобила со деловни знаења и деловни врски, што би претставувало основ за склучување на договорна забрана за конкурентско дејствување на работничката. Работодавачот  со договорот за работа морал да го утврди паричниот надоместок за непочитување на конкурентската забрана согласно одредбата од член 38 од Законот за работни односи, што во конкретниот предмет ова не е случај. Според ова првостепениот суд треба со сигурност да утврди дали со тоа што работничката  склучила договор за работа со друг работодавач ја прекршила конкурентската забрана и дали се исполнети условите за надомест на штета на тужителот по овој основ.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1260/13
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право