- Version
- Преземи 4
- Големина на фајлот 551.36 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање мај 14, 2018
- Последна промена декември 30, 2022
Решение на Апелационен суд Скопје РОЖ-667/18
(...) „Првостепениот суд од доказите утврдил дека работникот бил вработен кај работодавачот државен службеник и бил распореден на работно место во звање Помлад референт во. Видно од извадокот на членската книшка на Демократската партија на Албанците - ДПА, работникот бил член на почитичката партија. Работникот со писмено известување го известил својот работодавач дека има завршено високо образование и ги прилоќил сите потребни документи со кои се потврдува дека го завршил додипломски студии на и стекнал право на стручен назив “Дипломиран професор по одделенска настава“. Работодавачот донесенел Решение за распоредување и определување на плата на државен службеник. Работникот незадоволен од донесеното Решение вложил благовремена жалба до Комисијата на Агенцијата за администрација. Во Законот за работни односи е содржана генерална забрана за дискриминација во која се предвидува дека „работодавецот не смее барателот на вработување или работникот, да го стави во нееднаква положба заради расно или етничко потекло, бојата на кожата, полот, возраста, здравствена состојба, односно инвалидитет, религиозното, политичкото или друго убедување, членување во синдикатите, националното или социјалното потекло, статус на семејството, имотната состојба, половата насоченост или заради други лични околности’’. Поркрај ова, се забранува директната и индиректната дискриминација на кандидатот за вработување и на работникот. Во Законот за спречување и заштита од дискриминација во чл.10 како облик на дискриминација е предвидена и виктимизација која претставува неповолно однесување кон едно лице, трпење на штетни последици заради тоа што презело одредени активности за заштита од дискриминација (пријавил дискриминација, започнало постапка за дискриминација и сведочело во текот на постапката). Потоа како потежок облик на дискриминација, во смисла на овој закон во член 12, се смета дискриминацијата направена кон одредено лице по повеќе дискриминаторски основи (повеќекратна дискриминација), дискриминација направена повеќе пати (повторена дискриминација), која е правена подолго време (продолжена дискриминација) или која со своите последици особено тешко го погодува дискриминираното лице. Според мислење на второстепениот суд, произлегува дека во конкретниот случај не е јасно во што се состои директната дискриминација, кое е тоа неповолно постапување, разликување, исклучување или ограничување кое било одземено, нарушено или ограничено на еднаквото признавање или уживање на човековите права и основни слободи, споредено со третманот кој го има или би можело да го има друго лице во исти или слични услови. Поради ова потребно е првостепениот суд со сигурност да утврди дека работодавачот со конкретно дејство го дискриминирал работникот врз основа на политичка припадност во областа на работните односи во споредба со други лица, дека истиот имал понеповолен третман, односно бил исклучен да користи одредено право.”