- Version
- Преземи 63
- Големина на фајлот 173.01 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јуни 7, 2017
- Последна промена август 1, 2022
„Неоснован е жалбениот навод за тоа дека првостепениот суд сторил суштествена повреда, бидејќи не утврдил што е обврската на странките и од што настанала обврската, бидејќи во случајов судот не расчистил дали предметниот договор е договор за дело или договор за работа што е од суштествено значење за решавање на спорот.
Овие жалбени наводи се неосновани од причина што правилно првостепениот суд утврдил дека во случајов правата и обврските на странките настанале согласно склучениот договор за работа кој со оглед на тоа што не бил спроведен во Агенцијата за вработување на Република Македонија се смета за договор за дело. (…)
Во жалбата се наведува дека првостепениот суд со оглед на тоа што не утврдил дали се работи за договор за дело или договор за работа не ги утврдил сите права, обврски и одговорности на договорните страни.
Овој суд ги ценеше ваквите жалбени наводи и истите смета дека се неосновани. Првостепениот суд правилно утврдил дека странките во овој спор склучиле договор за работа (...) со кој биле уредени правата, обврските и одговорностите на договорните страни.”